10
Во организација на ЦУО „Св. Ѓорѓи Кратовски“ – Оксфорд и ЦУО „Св. Нектариј Егински“ – Ридинг, денес свечено се одбележа празникот “Рождество на Пресвета Богородица” – Мала Богородица.
Во Little Milton Village Hall, беше отслужена Света Божествена Литургија, со благослов на Европскиот Митрополит Дедо Пимен, а богослужбата ја служеше Отец Зоран Брндевски.
На Литургијата присуствуваше директорот на Агенцијата за иселеништво, Горан Ангелов, со чија посета беше дадена поддршка на овие релативно нови црковни општини, кои забрзано се развиваат и растат.
По богослужбата, дружењето продолжи со трпеза на љубовта, подготвена од вредните парохјани во духот на христијанското заедништво, љубов и сплотеност.
Благодарност до сите кои беа дел од овој благословен ден.



