Home » Средба со претставници на Друштвото „Македонци од Источна Англија“

Средба со претставници на Друштвото „Македонци од Источна Англија“

by Rebeka Spasova
19 views
Претставници на организацијата „Македонци од Источна Англија“ ја посетија Агенцијата за иселеништво и остварија работна средба со директорот, Горан Ангелов, и раководителот на одделение за информирање, Искра Тројачанец Најденовска.
На средбата претседателот, Игор Јованов, и потпретседателот на Друштвото, Игор Симонов, информираа за активностите на Новоформираното друштво и потребите од официјализирана настава по македонски јазик, укинување на туристичките визи за Англија, потреба од црковна општина и формирање на база од иселеници професионалци од разни области, со цел нивно вмрежување.
Директорот Ангелов информира дека Агенцијата за иселеништво во рамки на надлежноста ќе даде поддршка и активно ќе се вклучи во сите наведени активности и во знак на благодарност и надеж за идна соработка подари Теракотна икона.

Дополнително прочитај и за:

Агенцијата за иселеништво ги врши работите што се однесуваат на положбата и правата на иселениците од Македонија

Последни вести

© 2025 – Сите права се задржани | Агенција за иселеништво
error: Content is protected !!

Почитувани, заради подобро корисничко искуство, Агенцијата за иселеништво користи „колачиња“ ("cookies"). Се согласувам Прочитај повеќе