Митрополитот Пимен продолжува со интензивна богослужбена агенда и посети на македонските православни заедници низ Европа.
Во рамки на својата мисија, предвидени се литургии и средби со верниците во Швајцарија, Хрватска, Холандија и Германија, со цел зајакнување на духовната поврзаност и единството на македонските православни верници во европските земји.
Посетите се дел од континуираните активности на Европската епархија и грижата за македонските црковни заедници во дијаспората.