Македонското друштво „МАК МЕЛ“ од Бургдорф, Швајцарија, го прославува својот голем јубилеј – 30 години постоење и успешно зачувување на македонската култура и традиција!
По тој повод, на 7 ноември 2026 година (сабота), со почеток во 18:00 часот, ќе се одржи голема јубилејна вечер исполнета со македонска музика, песна, оро и незаборавна атмосфера.
За музичкиот дел ќе се погрижат Анета Арсовска и групата Мераклии, а вечерта ќе ја збогати и настапот на КУД „Мелница“, со традиционални македонски ора.
Локација: Mehrzweckhalle Thörigen, Gässli 3, 3367 Thörigen, Швајцарија
Влезница: 15 CHF
За деца до 13 години: Бесплатен влез
За посетителите е предвидена и богата лотарија!
Три децении љубов кон Македонија, три децении негување на традицијата и поврзување на Македонците во дијаспората.
Сите љубители на македонската песна и традиција се поканети заедно да го одбележат овој значаен јубилеј!