Home » Ликовната изложба „Регенерација” во Македонскиот КИЦ во Белград

Ликовната изложба „Регенерација” во Македонскиот КИЦ во Белград

by Rebeka Spasova
35 views

Во Културно-информативниот центар на Македонија во Белград, на 4 јули, во 19:00 часот ќе биде отворена групната изложба „Регенерација“, потпишана од македонски уметници – Ана Ивановска, Христина Зафировска и Маја Кировска. Настанот се одржува под покровителство на Министерството за култура и туризам на Република Северна Македонија и Амбасадата на Северна Македонија во Србија.

Ана Ивановска го истражува наследството на пандемијата преку колажи, принтови и хибридни медиуми. Изработените фотографии, плексиглас и материјали како жилети и кибрити претставуваат мапа на емоционална трансформација, односно визуелна манифестација на страв, безизлезност и ограничена слобода.

Христина Зафировска, преку апстрактни, биолошки инспирирани форми, ги илустрира циклусите на вирусот – раѓање, ширење и регенерација. Таа ги визуелизира последиците и менталното обновување по изолацијата.

Мaја Кировска создава воздушести човечки фигури составени од листови од дрво. Овие скулптури претставуваат циркулација и живот и симболично ја истакнуваат темата на регенерацијата – како личен и природен процес.

„Регенерација“ во Белград е возбудливо културно искуство кое ги претставува трите различни гласови кои преку уметнички стратегии (од мапирање на емоции до органска скулптура) го рефлектираат комплексниот процес на обновување по глобалната пандемија.

Ова е трето поставување на „Регенерација“, изложбата минатата година беше прикажана во Скопје, Битола и Тирана. За љубителите на современата уметност и критичката рефлексија, ова е настан што не се пропушта.

Дополнително прочитај и за:

Агенцијата за иселеништво ги врши работите што се однесуваат на положбата и правата на иселениците од Македонија

Последни вести

© 2025 – Сите права се задржани | Агенција за иселеништво
error: Content is protected !!

Почитувани, заради подобро корисничко искуство, Агенцијата за иселеништво користи „колачиња“ ("cookies"). Се согласувам Прочитај повеќе