9
Состанок со Соработничкиот совет за вера и општество (STL)
Еден од значајните состаноци кои се реализираа во Осло непосредно пред одбележувањето на патрониот празник на Црковната општина Св. Петка, беше состанокот со директорката на Соработничкиот совет за вера и општество (STL), г-ѓа Биргит Ван Дер Ланс (Birgit Van Der Lans), на кој присуствуваа: Неговото Високопреосвештенство г. Пимен, Протојереј Ставрофор Блажо Кожарски од Црковната општина Св.Наум Охридски од Малме, директорот на Агенцијата за иселеништво, г. Горан Ангелов, директорката на Комисијата за односи со верски заедници и религиозни групи, г-ѓа Оливера Трајковска и претставникот на Македонското православно здружение „Преподобна Параскева Света Петка“ – Осло, г. Александар Николовски.


