41
Во просториите на Македонската амбасада во Брисел, во координација со вршителот на должност г-ѓа Сузана Мехмеди, делегацијата од Агенцијата за иселеништво оствари средба со претставници на Културно-спортското и религиозно друштво (КСРД) „Македониум“, Габриел Боцевски -претседател, секретар, Јована Денковска, потпретседателот Стив Веселинов и неговата сопруга Даниела Веселинова.
На средбата од страна на присутните беше прикажана дејноста на ова Здружение, како и функционирањето на Црковната општина – МПЦО „Св. Пророк Илија и Архангел Михаил“, која е во рамки на Европската епархија, но изразија загриженост за нејзина регистрација во К. Белгија, што зависи од Цариградската патријаршија, Митрополитот за Белгија и Егзархот за Холандија и Луксембург, Атенагорас.
Богослужбите се одвиваат во изнајмени верски објекти, а главниот настан е чествувањето на празникот Св. Архангел Михаил.
Сметат дека со работа, сплотеност и идеи можат да направат многу повеќе, бидејќи бројот на македонските иселеници во Белгија постојано расте и нивната организираност е од големо значење за остварување на нивните права, како и за промовирање на македонската култура и траиција пред белгиските власти.
Директорот Ангелов и вршителот на должност Мехмеди информираа за поддршката кон иселениците од страна на матичната држава, секој од аспект на надлежностите, но сепак во насока на зацврстување на врските и воспоставување на континуирана соработка.
Директорот Горан Ангелов во знак на благодарност за можноста за остварување на средбата подари теракотна икона и знамиња на Република Македонија за потребите на Друштвото.
