Крис Павловски е канадско американски бизнисмен чии родители се од Македонија. Тој е основач сопственик на светската платформа Рамбл компанијата која е дизајнирана како алтернатива на YouTube. Таа е дел од акционерската структура во која се членови и Хауард Лутник, новиот министер за економија на САД и ЏД Венс потпретседател на САД. Тие се дел од новата администрација на претседателот Трамп, а Крис Павловски е еден од блиските поддржувачи на претседателот на САД, Доналд Трамп и дел од неговиот тим.
Крис Павловски е ко-основач на Cosmic Development и моментално е вршител на должноста главен извршен директор и основач на Rumble.com. Пред Rumble, тој работел за Microsoft Corporation, светски лидер во развојот на компјутерски софтвер и студирал на Универзитетот во Торонто.
Rumble е неутрална платформа за публикување видео материјали без цензура со фокус на слободата на изразување, која воедно им помага на креаторите да го промовираат својот видео материјал како и да заработат од истиот.
Во изминатите години платформата Rumble добива се’ поголемо внимание и бележи драстичен раст на корисниците од месец во месец од 1,6 милиони просечен број на месечни корисници во 2020 до 36 милиони просечен број на месечни корисници во третиот квартал на 2021 година со тренд на раст кој продолжува.
Повеќе прочитајте на линкот: КРИС ПАВЛОВСКИ – ЗНАЧАЕН БИЗНИСМЕН ВО САД И КАНАДА И СОПСТВЕНИК НА ПЛАТФОРМАТА РАМБЛ