47
Меѓународен ден на мајчиниот јазик
УНЕСКО го прогласи во 1999 на 30. сесија на Генералната конференција, а наредната година беше промовиран како Ден на лингвистичка и културна разновидност и повеќејазичност.
Јазиците се силен инструмент за зачувување и развивање на културното наследство. Движењата за промоција и ширење на мајчиниот јазик не се само охрабрување на лингвистичката разноликост и милтилингвалното образование, туку и поттик за развивање на свеста за линвистичките и културни традиции во светот кои ги зацврстуваат разбирањето, толеранцијата и дијалогот.
Во светот денес се зборуваат околу 6.500 јазици. Околу 200 земји се пред предизвикот да ги зачуваат „малите” јазици и тие да се употребуваат заедно со светските јазици.