Home » ВО СИДНЕЈ СЕ ЧЕСТВУВАШЕ – 120 ГОДИНИ ОД СМРТТА НА ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ

ВО СИДНЕЈ СЕ ЧЕСТВУВАШЕ – 120 ГОДИНИ ОД СМРТТА НА ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ

46 views

Синоќа на 5-ти мај 2023 година, во просторите од Македонскоата библиотека „Григор Прличев“ во Сиднеј,група членови од Писателското друштво „Григор Прличев“ во Анклиф одржаа комеморација од 120 годишнината од смртта на македонскиот револуционер и борец за целокупна, слободна и независна држава Македонија, Гоце Делчев (4.5.1903).

Најпрво свештеникот Наум Деспотоски одржа  панихида за покојниот Гоце и за сите македонски борци кои ги дадоја своите животи за слободна Македонија.

Потоа се прочита неговата кратка но бурна биографија, за на крај поетите да прочитаат свои, или песни од македонски автори посветени на учителот, војводата и Апостолот на поновата македонска историја Гоце Делчев. Нека почива во мир и вечна му слава. 

Но не заборавивме дека овој денешен датум 5-ти мај се сопаѓа со Денот на македонската азбука, јазик и писменост, па сите присутни зедоја книга в раце за да прочитаат по неколку стихови или цитати колку за да и се оддолжат на македонската литература и нивните творци.

Еве ги имињата на  членовите од Писателското друштво „Григор Прличев“ кои беа присутни на синоќната средба: Поп Наум Деспотоски, Др. Васил Тулевски, Иван Трпоски, Марија Александрова, Љупка Митриќеска, Оливер Димоски, Спасија Огненовска, Цане Долевски,  Цане Зајаковски и Петар Илиевски.

Иван ТРПОСКИ

Дополнително прочитај и за:

Агенцијата за иселеништво ги врши работите што се однесуваат на положбата и правата на иселениците од Македонија

Последни вести

© 2024 – Сите права се задржани | Агенција за иселеништво

Почитувани, заради подобро корисничко искуство, Агенцијата за иселеништво користи „колачиња“ ("cookies"). Се согласувам Прочитај повеќе

error: Content is protected !!