Home » Во општина Илинден се одржа „Ден на пченицата“

Во општина Илинден се одржа „Ден на пченицата“

48 views

Под покровителство на Општина Илинден и Министерството за земјоделије, шумарство и водостопанство се одржа манифестацијата ,,Ден на пченицата 2023”. Настанот е во организација на компанијата ,,Агроунија” ДООЕЛ Скопје, а во присуство на бројни гости, земјоделски производители, претставници на институции,  се изврши обиколка на опитното поле во Илинден,  на микро, макро и компаративни опити на македонските сорти со најдобрите балкански и европски сорти, а беа споделени информации и за семепроизводството и за материјалот за селекција.

На настанот присуствуваше и градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски кој пред присутните истакна дека Општина Илинден ги поддржува земјоделците и развојот на земјоделството преку одржување на трибини, бесплатни анализи на почвата на територија на општина Илинден, со цел испитување на квалитетот на земјоделското земјиште и унапредување на земјоделието што претставува и дел од Стратешкиот план за развој на општина Илинден.

Од Агроунија истакнаа дека на опитното поле беше претставена рачна сеидба на претходно одбрани и селектирани класови. Нешто што е сржта и основата на селекционерството, сеидба – рачна, клас по клас, секој во посебен ред-класови, кои се одгледуваат со години за супер елитите на сортите пченица и тритикале во Република Македонија. Исто така присутните имаа можност да видат колекција од странски сорти пченица јачмен и тритикале, споредбено со нашите сорти, како и линии за семе производство.

Дополнително прочитај и за:

Агенцијата за иселеништво ги врши работите што се однесуваат на положбата и правата на иселениците од Македонија

Последни вести

© 2024 – Сите права се задржани | Агенција за иселеништво

Почитувани, заради подобро корисничко искуство, Агенцијата за иселеништво користи „колачиња“ ("cookies"). Се согласувам Прочитај повеќе

error: Content is protected !!