Home » Во Нови Сад се одржа свечена Академија по повод празникот Свети Кирил и Методиј

Во Нови Сад се одржа свечена Академија по повод празникот Свети Кирил и Методиј

51 views

СВЕЧЕНА АКАДЕМИЈА

 ВО НОВИ САД  2023

ВО ЧЕСТ НА СВЕТИТЕ БРАЌА КИРИЛ И МЕТОДИЈ И ПАТРОНИТЕ НА ЗДРУЖЕНИЕТО

 

На 22 Мај 2023 година во Културниот центар на Нови Сад – Трибина на младите се  одржа Свечена академија со  која започна 17-та Манифестација  ,,ДЕНОВИ НА МАКЕДОНСКАТА КУЛТУРА  ВО НОВИ САД’’ која по седумнаесетти пат, ја организира Здружението на граѓаните од македонското национално малцинство  „КИРИЛ И МЕТОДИЈ“ од Нови Сад, во присуство на бројни гости и посетитители.

Како и секоја година досега,  така и годинешнава Манифестација е под раководство на главниот организатор, госпоѓа Васка Чергоска, која ги поздрави присутните и истакна : ,, По eдинаесет  векови благодарни сме им на Светите  браќа Кирил и Методиј,  затоа што ни го покажаа патот: како да го сочуваме и негуваме својот јазик, културата, традицијата и идентитетот. Ќе го продолжиме делото на Светите браќа: да се зближиме, соработуваме, унапредувајќи го заедничкиот живот со сите народи.

Нека ни е за многу години големиот празник! ”. На крајот на своето обраќање, ја  повика  вршителката   на работите и Министерката  советник од Амбасадата  на Република Северна Македонија, госпоѓа Михаела Веселинов, која  истакна:                                    

,,Културата е таа која не зближува, не соединува и која ги руши сите препреки и бариери. Посакувам оваа традиционална манифестација да продолжи и во следните години бидејќи само на ваков начин на чување, претставување и афирмирање на културата се градат и се почитуваат добрососедските односи помеѓу Република Северна Македонија и Република Србија. Славењето на Светите Кирил и Методиј е славење на словенската писменост, на писменоста воопшто, на темелот врз која е изградена нашата цивилизација, на писмото на кој е пишан нашиот идентитет, запишана нашата историја и писмо које ја испишува нашата иднина на азбуката која не идентификува и која не спојува.

Годинешнава Свечана академија започна со прекрасниот настап на  учениците од Музичкото училиште Исидор Бајиќ, клавирското трио ,,Еспансиво“ составено од  Учениците на Музичкото училиште „Исидор Бајиќ“, и тоа : Марија Бадњар-виолина, Хана Семиќ-виолончело и Лука Шашиќ-клавир. Тие настапија со ,,Патетични трио’’ 3 и 4 став од композиторот Михаил Глинка   и ,, Есен’’  од композиторот  Астор Пиацола, ни  приредија прекрасен настап, за што сме им благодарни.

Господин Золтан Кудлик, покраинскиот секретар истакна: ,,Многу ми е драго што оваа манифестација изгледа овака свечено, и тоа што идната година ќе ја одбележите по осумнаесети пат, што значи дека манифестацијата ќе стане полнолетна и на тоа ви честитам. Минатата година Нови Сад беше Европска престолнина на културата, па самата манифестација беше дел од неа и многу е добро дека секоја година можете да ја организирате токму овде, во Нови Сад, сочувајте ја својата традиција како во Војводина така и во Србија, затоа што моето мислење е дека македонските песни и игри се многу убави и јас многу ги сакам и треба да се сочуваат. Ви посакувам многу успеси во идните настани.

Ни се обрати и госпоѓа Милинка Хрчан, в.д.Покраинска секретарка за националните малцинства – националните  заедници, која истакна дека македонската заедница е добро вклопена со другите национални заедници во Нови Сад.

Краток осврт за просветителите даде проф.Сандра Субиќ ,,Минути посветени на Просветителите, Светите браќа, Кирил и Методиј’’.

Уживавме во настапот на Бошко Стојадиновиќ, студент на клавир, од Академијата на уметноста кој прекрасно ја изведе композицијата  од  Клод Дебиси ,,Одблесоци на вода”, а потоа настапи Милица Личина, студент на клавир од Академијата на уметноста која  одлично ја изведе композицијата од Моцарт Соната К310 а мол,1

Настапи и сопранот Андриана Петровски, студент на Академијата на уметноста со песните од Милан Пребанда  ,,Низ бавча’’ и од  Георги Свиридов  ,,Руска девојка’’, а на клавир ја следеше Бошко Стојадиновиќ. Никого не го оставија рамнодушни. Совршен настап

Соња Конеска Жугиќ настапи со дел  од својата монодрама ,,Шареница во моето село’’која ги воодушеви присутните гости.

Сите учесници придонесоа во збогатувањето на културната содржина, а со цел  достојно претставување на дел од културата на Република Северна Македонија во Република Србија.

Водител на програмата беше Соња Мициќ.

На крајот следеше заедничка фотографија за спомен.

Текстот го подготви

Васка Чергоска

Дополнително прочитај и за:

Агенцијата за иселеништво ги врши работите што се однесуваат на положбата и правата на иселениците од Македонија

Последни вести

© 2024 – Сите права се задржани | Агенција за иселеништво

Почитувани, заради подобро корисничко искуство, Агенцијата за иселеништво користи „колачиња“ ("cookies"). Се согласувам Прочитај повеќе

error: Content is protected !!