Home Иселенички СтраниАвстралија Повик за предлог проекти за одбележувањето на 45 годишнината од основањето на МЛД Григор Прличев од Сиднеј

Повик за предлог проекти за одбележувањето на 45 годишнината од основањето на МЛД Григор Прличев од Сиднеј

by Марко Стоименовски
39 views

Почитувани членови

На 31 март се навршуваат 45 години од формирањето на Македонското литературно друштво „Григор Прличев“. По тој повод ве поттикнуваме да дадете предлози за тоа на кој начин мислите е најдобро да го прославиме овој јубилеј. Истите ќе се разгледаат од Управниот одбор на Друштвото и во зависност од можностите некои од тие предлози можат да се исполнат.

Како што знаете повторно почнавме да го издаваме списанието „Повод“ и преку истото на многу успешен начин ја промовираме креативноста на нашите членови и љубители на пишаниот збор. Минатата година издадовме 5 броеви. За наредниот број ќе бидеме во можност да издадеме дела посветени на поетот Григор Прличев како и пораки од нашите членови за тоа што значи за нив списанието „Повод“ и Литературното друштво? Или едноставно, ќе ги објавиме честитките/пораките за нашата годишница.

Проектите што ќе се предложат можат да бидат краткорочни или долгорочни, пр. да се објави Архивот на МЛД, Монографија на МЛД или да се издаде Зборник со поезија или раскази од членовите или да се направи документарец со членовите кои членуваат во истото од самиот почеток.

Секој предлог е добредојден и од вас ќе зависи какви активности ќе превземеме како Друштво поефективно да го прославиме овој јубилеј.

Со почит

Душан

Дополнително прочитај и за:

Агенцијата за иселеништво ги врши работите што се однесуваат на положбата и правата на иселениците од Македонија

Последни вести

© 2024 – Сите права се задржани | Агенција за иселеништво

Почитувани, заради подобро корисничко искуство, Агенцијата за иселеништво користи „колачиња“ ("cookies"). Се согласувам Прочитај повеќе

error: Content is protected !!