Home Иселенички Страни МПЦ „Света Недела“ од Ејџекс го одбележа 8 Март

МПЦ „Света Недела“ од Ејџекс го одбележа 8 Март

34 views
На 5 март 2023 година во пресрет на Меѓународниот ден на Жената 8-ми Март во прекрасно декорираната свечена сала во црквата Света Недела во Ејџекс се организираше прослава посветена на празникот на жената 8-ми Март! Преполна сала весели Македонки пред се’, но и господа кои присуствуваа на настанот придржувајќи ги своите поубави половини.. Свеченоста отпочна со настапот на учениците од неделното училише од Св. Недела како украс и најубав дар по повод празникот на мајките, бабите… Богатиот ручек го подготви Марија Ангелевска, а раскошната сала и нејзината декорација беше дело на Милица Попоска која раководи со женската секција како и волонтерите: Eмa Сара Мицевска, Александар Ристески, Каролина Ристеска, Елда Јанкула-Граждани, Маргарита Јоноски, Маја Димитриевски и Игор Мицевски кои оставија свој дел во целосната слика и 8-мо мартовскиот амбиент.
За музиката беше задолжен Соња и Оливер Бенд со Стив Штуревски, Веле Тошевски и Смилја Андоновска. Ова весело неделно попладне навести убава и плодоносна пролет.
Соња Лозановска
https://www.facebook.com/macedonia.newspaper/posts/pfbid02uM3TEdoUeqAa66G8LM9tPUrJRVHe2GoRmWM7r9kaZUWEXU9CVQ26NYGYehX5XzEel

Дополнително прочитај и за:

Агенцијата за иселеништво ги врши работите што се однесуваат на положбата и правата на иселениците од Македонија

Последни вести

© 2024 – Сите права се задржани | Агенција за иселеништво

Почитувани, заради подобро корисничко искуство, Агенцијата за иселеништво користи „колачиња“ ("cookies"). Се согласувам Прочитај повеќе

error: Content is protected !!