Home Иселенички СтраниАвстралија Иселеничкиот фолклорен фестивал во Охрид ја воодушеви публиката со македонски традиционални песни и ора

Иселеничкиот фолклорен фестивал во Охрид ја воодушеви публиката со македонски традиционални песни и ора

123 views
На 4 јули во центарот на Охрид со почеток во 20:00 ч. пред многубројната публика учесниците на Иселеничкиот фолклорен фестивал во организација на Агенцијата за иселеништво преку целовечерен концерт се претставија со македонски традиционални песни и ора. Друштвата: КУД „Македонка” од Виена, Австрија, МКД „Св.Кирил и Методиј” од Крањ, Словенија, МКД „Охридски бисери” од Нова Горица, Словенија, Ансамбл „Сонце” од Крајова, Романија, и МКД „Браќа Миладиновци„ од Осиек, Хрватска, се претставија со прекрасните кореографии на: Жетварка, Копачка, Роненка, Македонија во чекор, Беровка, Пајдушко, Митра мома, Поречки игри, Копачија и многу други.

Во текот на денот согласно Програмата, учесниците на Фестивалот го посетија манастирот Св. Наум и поминаа неколку часа восхитувајќи се и уживајќи во неговата убавина

Дополнително прочитај и за:

Агенцијата за иселеништво ги врши работите што се однесуваат на положбата и правата на иселениците од Македонија

Последни вести

© 2024 – Сите права се задржани | Агенција за иселеништво

Почитувани, заради подобро корисничко искуство, Агенцијата за иселеништво користи „колачиња“ ("cookies"). Се согласувам Прочитај повеќе

error: Content is protected !!