Home » Денес директорот на Агенцијата за иселеништво оствари работна средба со протопрезвитер Виктор Стојчев од МПЦО „Свети Архангел Михаил и сите св. Ангели, Лондон и Св.Георги Победоносец во Литлхамптон.

Денес директорот на Агенцијата за иселеништво оствари работна средба со протопрезвитер Виктор Стојчев од МПЦО „Свети Архангел Михаил и сите св. Ангели, Лондон и Св.Георги Победоносец во Литлхамптон.

by trinitymedia
2 views
Денес директорот на Агенцијата за иселеништво оствари работна средба со протопрезвитер Виктор Стојчев од МПЦО „Свети Архангел Михаил и сите св. Ангели, Лондон и Св.Георги Победоносец во Литлхамптон.
⛪️Отец Виктор Стојчев го информираше директорот Горан Ангелов за состојбите на црковниот живот во Англија. Последните две децении Англија е најчеста држава каде Македонците масовно се иселуваат и со оглед на бројноста потребно е поголемо внимание од страна на матичната држава, особено кон организираните форми на македонската заедница. Новата Црковна Општина „Св.Георги Победоносец„ во Литлхемптон е во процес на регистрација, што значително ќе овозможи духовна и културна поддршка на иселениците од тој дел на Англија.
📖📚📔Согласно бројноста на оваа емиграција, се зголемува и потребата од изучување на македонскиот јазик, за што директорот Ангелов го информира Отец Стојчев дека на неколку наврати е разговарано со надлежните институции за формирање на настава и испраќање на наставничка по македонски јазик. Исто така во таа насока, Агенцијата испрати книги за потребата на наставата која веќе е започната и организирана од рамки на самата заедница од Источна Англија.
🇲🇰🤝🇬🇧Отец Виктор Стојчев упати покана до директорот на Агенцијата за иселеништво Горан Ангелов за посета на црковните општини во Англија со што ќе се унапреди соработката на надлежната институција со македонскиот народ кој живе и работи во Англија.

Дополнително прочитај и за:

Агенцијата за иселеништво ги врши работите што се однесуваат на положбата и правата на иселениците од Македонија

Последни вести

© 2025 – Сите права се задржани | Агенција за иселеништво
error: Content is protected !!

Почитувани, заради подобро корисничко искуство, Агенцијата за иселеништво користи „колачиња“ ("cookies"). Се согласувам Прочитај повеќе