Home » Втора донација на медицинска и ортопедска опрема за ЈЗУ Општа болница Кочани и граѓани од повеќе градови

Втора донација на медицинска и ортопедска опрема за ЈЗУ Општа болница Кочани и граѓани од повеќе градови

by Stanela S
3 views
Денес беше реализирана втора донација на медицинска и ортопедска опрема во ЈЗУ Општа болница Кочани, како и директна донација на опрема на физички лица од повеќе градови во државата.
Со оваа хуманитарна активност беа опфатени ЈЗУ Општа болница Кочани и повеќе физички лица, на кои им беше обезбедена неопходна опрема за полесно, побезбедно и подостоинствено секојдневие.
Опрема обезбедена во рамки на донацијата:
инвалидски колички
акумулаторски инвалидски колички
ролатори (сервер) – помагала за движење
помагала за физикална рехабилитација
Донација за ЈЗУ Општа болница Кочани:
3 специјални инвалидски колички
3 ролатори (сервер) – помагала за движење
1 помагало за физикална рехабилитација
Донации за физички лица
Акумулаторски инвалидски колички:
1 лице – Скопје
1 лице – Кочани
2 лица – Виница
1 лице – Штип
Обични инвалидски колички:
3 лица – Скопје
3 лица – Штип
2 лица – Виница
1 лице – Берово
1 лице – Битола
2 лица – Кочани
Помагала за движење и одење:
физички лица во Берово
физички лица во Виница
физички лица во Кочани
физичко лица во Битола
Поради почитување на приватноста и заштитата на личните податоци, имињата на лицата кои ја добија опремата не се јавно објавени.
Изразуваме искрена благодарност до LetzCare , Gntcfondi и компанијата FLEX TRANS за нивната значајна поддршка и логистички ангажман при реализацијата на донацијата.
Ваквите активности претставуваат важен придонес во јакнењето на општествената одговорност и солидарноста.
Активностите за поддршка на здравствените институции и граѓаните ќе продолжат и во наредниот период. Во вторник е планирана нова донација во ЈЗУ Клиничка болница Штип, како и во други институции.

Дополнително прочитај и за:

Агенцијата за иселеништво ги врши работите што се однесуваат на положбата и правата на иселениците од Македонија

Последни вести

© 2026 – Сите права се задржани | Агенција за иселеништво
error: Content is protected !!

Почитувани, заради подобро корисничко искуство, Агенцијата за иселеништво користи „колачиња“ ("cookies"). Се согласувам Прочитај повеќе