Home » Средба на директорот на Агенцијата за иселеништво со претседателката Гордана Сиљановска-Давкова

Средба на директорот на Агенцијата за иселеништво со претседателката Гордана Сиљановска-Давкова

by Rebeka Spasova
55 views

Директорот на Агенцијата за иселеништво, Горан Ангелов, денеска оствари средба со претседателката Гордана Сиљановска-Давкова. На средбата се разговараше за преземените и планираните активности на Агенцијата, неопходни за унапредување на односите и соработката со нашите иселеници и нивните иселенички организации.

Директорот Ангелов ја сподели информацијата дека Агенцијата остварува интензивна соработка со импозантна иселеничка мрежа од 700 црковни, спортски и културно-уметнички иселенички организации, коишто изразуваат силен интерес за средби со неа и со други највисоки претставници на државата, како неопходен механизам за зајакнување на односите со татковината.

Претседателката сподели идеја за доделување награди на најуспешните и најреномираните нашинци од дијаспората во сферата на науката, културата, бизнисот, спортот, како и за нужноста од изработка на дигитален регистар на најуспешните во дијаспората, во соработка со Владата, МАНУ, универзитетите, амбасадите и други субјекти, заради евиденција на нашиот највреден социјален капитал надвор, како и за нивниот ангажман во татковината.

Дополнително прочитај и за:

Агенцијата за иселеништво ги врши работите што се однесуваат на положбата и правата на иселениците од Македонија

Последни вести

© 2025 – Сите права се задржани | Агенција за иселеништво

Почитувани, заради подобро корисничко искуство, Агенцијата за иселеништво користи „колачиња“ ("cookies"). Се согласувам Прочитај повеќе

error: Content is protected !!