Македонската заедница во Малме, одбележа значаен јубилеј – 23 години од поставувањето на камен-темелникот и 13 години од осветувањето на македонскиот православен храм „Свети Наум Охридски“. Верниците се потсетија на важноста на зачувувањето на духовниот и културен идентитет илјадници километри далеку од татковината. Повеќе за историјата на оваа прва македонска црковна општина во Скандинавија и животот на нашите иселеници во Шведска, од прилогот на дописникот- волонтер, Кирил Котевски.