Дуња Иванова од ВК Енерџи, победи на маратонот во планински велосипедизам кој се одржа на Стара планина, Србија.
Овој натпревар, беше дел од календарот на Светската велосипедска федерација – УЦИ.
Нешто повеќе од 60km и висинска разлика од речиси 2.400m беше предизвик за сениорската конкуренција во екстремно суви услови и брутални искачувања.
Со вкупно време од 5 часа и 9 минути, Иванова го заслужи златото и дополнителни 60 УЦИ поени.