Home » Учениците кои следат онлајн наставата по македонски јазик ја посетија наставничката Ивана

Учениците кои следат онлајн наставата по македонски јазик ја посетија наставничката Ивана

by Rebeka Spasova
16 views
Дел од учениците кои ја следат наставата по македонски јазик од далчина (онлајн), во организација на Агенцијата за иселеништво, заедно со родителите, од сите страни на светот, при посета на својата татковина, летово ја посетиле и наставничката која ја води наставата, Ивана Атанасова од Кочани, ангажирана од страна на Училиштето за јазици „ТД СТАР“.
 
Агенцијата за иселеништво упатува честитки до наставничката Ивана за нејзината посветеност, професионалност и срдечност, поради што децата изразија желба да го следат курсот и следната година.
 
Со самата посета на нивната татковина Македонија и емотивното поврзување со наставничката, целта на оваа наша програма е постигната, а тоа е децата на нашите иселеници, кои растат и живеат во странство, преку учење на мајчиниот јазик да ја засакат татковината, да ја негуват културата и традицијата и да имаат желба да си доаѓат дома.

Дополнително прочитај и за:

Агенцијата за иселеништво ги врши работите што се однесуваат на положбата и правата на иселениците од Македонија

Последни вести

© 2025 – Сите права се задржани | Агенција за иселеништво
error: Content is protected !!

Почитувани, заради подобро корисничко искуство, Агенцијата за иселеништво користи „колачиња“ ("cookies"). Се согласувам Прочитај повеќе