Моќен перформанс од уметницата Љупка Делева, кој се одржа на 21 јуни 2025, од 19:15 до 21:00 часот, на платото пред Bottega Cini во Венеција.
Тоа беше визуелен и поетски ритуал што го трансформираше плоштадот пред Bottega Cini во вистински свет простор на сеќавање и преродба. Во центарот на сцената, женска фигура облечена во бело – Нарине Хачатријан (Ар). Нејзиниот фустан беше распослан како констелација од корени, врз кој Делева со знаци, симболи и гестови со златна и црна боја оддаде своевиден чин на признание кон сите жени на кои, низ текот на времето, им било одземено правото да го изразат своето знаење, талент и визија.
Инспириран од духовноста на Лита, сончевиот фестивал на летниот солстициум „Злато мое“ ја слави светлината, трансформацијата и длабоката врска со елементите – земјата, водата, воздухот, огнот. Современа химна за генеративната сила на женственото, помеѓу уметноста, ритуалот и колективната свест.
Оригиналната мелодија на композиторот Дамјан Томоски, го засили сензорното искуство, обвиткувајќи ја изведбата во евокативен и жив звучен пејзаж, засилувајќи ја симболичната вредност на секој гест.
Настанот го проследија стотина посетители, присуствувајќи на моментот каде што границата помеѓу уметноста и духовноста се спојуваше во споделен чин на убавина и свесност.