Home » ТРИБИНА – КНИЖЕВНОСТА НА НАЦИОНАЛНИТЕ МАЛЦИНСТВА во Град Загреб – МАКЕДОНСКА КНИЖЕВНОСТ

ТРИБИНА – КНИЖЕВНОСТА НА НАЦИОНАЛНИТЕ МАЛЦИНСТВА во Град Загреб – МАКЕДОНСКА КНИЖЕВНОСТ

by trinitymedia
167 views

„Сите суштества се раѓаат со инстинкт за преживување.
Пајаците, за да преживеат, ткаат мрежи.
Луѓето за да преживеат, ткаат приказни.
Тие се сржта на нашиот живот, ´рбетот на нашиот идентитет „
― Горан Стефановски

 

Во петок, на 12 април 2024 година во организација на Координацијата на Советите и претставниците на националните малцинства и Советот на македонското национално малцинство за Град Загреб се одржа Трибина на тема Книжевноста на националните малцинства во Град Загреб со посебен осврт на македонската книжевност. Поздравен збор упати претседателката на Советот на македонското национално малцинство за Град Загреб Иринка Ангелова-Попржан, истакнувајќи ја важноста на книжевноста на националните малцинства во Хрватска како неизоставен елемент во развојот и одржувањето на културниот и националниот идентитет на малцинствата од една страна, како дел од хрватскиот културен и мултикултурален мозаик, истовремено учејќи на прифаќање на културната, уметничката и историската традиција на малцинствата во Хрватска од друга страна.

Претседателот на Координацијата на советите и претставниците на националните малцинства за Град Загреб Армин Хоџиќ, срдечно ги поздрави присутните, а во име на новоформираната Книжевна секција говореа г-ѓа Весна Ивезиќ о проф. Сеад Алиќ, истакнувајќи дека токму богатите култни темели на националните малцинства се основа за културна соработка меѓу малцинствата. Книжевната вечер беше посветена на македонската книжевност, по одржаните поздравни говори, на присутните им се обрати претставничка од македонското национално малцинство Тинка Барбутов-Крстева проф. по македонски јазик и книжевност, вработена како библиотекарка во I. Гимназија во Загреб.

Ја претстави Македонија како колевка на словенската писменост, македонската книжевност воопшто, развојот од средниот до 19 век, како и карактеристиките на современата македонска книжевност. Во улога на модератор и панелист ги модерираше панелите посветени на читање текстови на современи македонски автори и авторки. Покрај бројните Македонци и членови на Советот, на трибината присуствуваа и претставници на другите национални малцинства во Град Загреб.

 

Дополнително прочитај и за:

Агенцијата за иселеништво ги врши работите што се однесуваат на положбата и правата на иселениците од Македонија

Последни вести

© 2024 – Сите права се задржани | Агенција за иселеништво

Почитувани, заради подобро корисничко искуство, Агенцијата за иселеништво користи „колачиња“ ("cookies"). Се согласувам Прочитај повеќе

error: Content is protected !!