Home » Спектакуларен концерт во Виена!

Спектакуларен концерт во Виена!

by Stanela S
11 views
КУД “Македонка” од Виена, го прославија својот 15- годишен јубилеј со спектакуларен настап од страна на сите групи, како и специјалните гости од КУД “Св.Кирил и Методиј” од Линц. Во рамки на програмата настапуваа музички групи и пејачи со македонски изворни изведби и пријателски фолклорни друштва со кореографии од Српски, Славонски и Унгарски фолклор. На настанот се доделија благодарници за заслужните членови на друштвото и на долгогодишните играорци.
Директорот на Агенцијата за иселеништво Горан Ангелов, упати искрени честитки за настапот на младите играорци, подари плакета за 15-годишно негување на македонскиот фолклор во Австрија и ги покани двете друштва од Виена и Линц да одржат целовечерен концерт во Македонија и да покажат како се негува фолклорот и традицијата во иселеништво!

Дополнително прочитај и за:

Агенцијата за иселеништво ги врши работите што се однесуваат на положбата и правата на иселениците од Македонија

Последни вести

© 2025 – Сите права се задржани | Агенција за иселеништво
error: Content is protected !!

Почитувани, заради подобро корисничко искуство, Агенцијата за иселеништво користи „колачиња“ ("cookies"). Се согласувам Прочитај повеќе