8
Директорот на Агенцијата за иселеништво Горан Ангелов оствари средба со македонскиот пејач Давид Темелков, уметник кој живее и работи во Загреб, Хрватска и преку својата музика ја промовира и шири македонската култура и идентитет надвор од границите на Македонија.
Давид Темелков гради успешна музичка кариера во Хрватска, настапувајќи со бенд составен од врвни хрватски музичари. Тој е активен посетител на македонската заедница во Хрватска и на МПЦ ,,Св. Злата Мегленска” во Загреб, такашто постојано ја негува врската со своите сонародници и со Македонија.Редовно учествува на македонски музички и културни настани, сведочејќи за неговата силна и искрена љубов кон татковината.
Особено популарна е неговата песна „Мојата Македонија“, која со текот на времето прерасна во симбол на патриотска емоција и втора химна за Македонците во Македонија и ширум светот.
На 20 март, во Македонскиот народен театар, се очекува спектакуларен концерт на Давид Темелков, настан кој со големо нетрпение го очекуваат љубителите на неговата музика и сите оние што ја носат Македонија во срцето.


