Директорот на Агенцијата за иселеништво Горан Ангелов оствари работна средба со претставникот од Управниот одбор на “МПЦО Сите Македонски Светители” Порденоне, Италија, Горан Наумоски. На средбата се разговараше за активностите на Црковната Општина како и за активностите на новоформираната фолклорна секција Тʼга за југ во која членуваат членови од регионот Венето. Директорот Ангелов се заблагодари за посетата и информира дека Агенцијата и во иднина ќе ја поддржува Македонската заедница во северниот дел од Италија како најмногубројна.
Работна средба на директорот Горан Ангелов со претставник на МПЦО „Сите Македонски Светители“ од Порденоне
4
previous post

