15
Денес во Владата на Република Македонија се промовиравше предлог – текстот на Националната стратегија за соработка со дијаспората 2025- 2030, проект на кој интензивно се работеше последниве 10 месеци од страна на претставници на сродни владини и невладини институции и претставници од иселенички организации и индивидуалци.
Институција носител на Стратегијата е Министерството за надворешни работи и надворешна трговија преку секторот за дијаспора, а Агенцијата за иселеништво преку активно вклучување и низа состаноци даде свој придонес во содржината на документот.
Директорот на Агенцијата за иселеништво Горан Ангелов во своето обраќање го истакна значењето на овој стратешки документ кој има за цел одржлив развој на врските со дијаспората, како и важноста од сериозниот пристап на надлежните институции за реализација на програмите од Акцискиот план.
Со еден збор, сите потреби и барања упатени до Агенцијата за иселеништво во секојдневната комуникација со иселениците, се преточени во овој документ, со надеж и верба дека нема да останат само на хартија!




