4
Денес директорот на Агенцијата за иселеништво Горан Ангелов за време на службениот престој во Северна Рајна Вестфалија имаше можност да ја посети Црковната општина “Св. Кирил и Методиј” во Дортмунд. На средбата со Отецот Душко Пецов и членовите на потесното раководство од Управниот одбор, Зоран Тасов и Горан Апостолов, се информираше за новоизградениот Храм и богатиот црковен живот на огромен број парохјани.
Присутните ги истакнаа проблемите со кои се среќаваа при посетата на татковината, особено околу скратување на периодот за поврат на македонско државјанство и поедноставување на постапката, недоразбирањето при пријава и одјава на иселеници со странско државјанство и непрофесионалниот однос од страна на административците во полициските станици, како и за настава по македонски јазик во Дортмунд.
Директорот Горан Ангелов се заблагодари за срдечниот прием и за отворениот разговор во кој се истакнаа проблеми кои претставуваат насоки за работењето на Агенцијата како сервис центар со останатите надлежни институции.
Во знак на благодарност директорот Ангелов додели Признание на МПЦО “Св. Кирил и Методиј” Дортмунд, за чување и негување на културните и духовни вредности, како и икона од Пресвета Богородица


