Home » Посета на МПЦО „Св. Климент Охридски“ во Љубљана

Посета на МПЦО „Св. Климент Охридски“ во Љубљана

by Rebeka Spasova
20 views
Директорот на Агенцијата за иселеништво, Горан Ангелов, во придружба на отецот Орце Пешов од Брегалничка Епархија, ја посети Македонската православна црковна општина „Св.Климент Охридски“ во Љубљана.
При посетата остварија работна средба со протоереј Митко Газинковски, кој го информира директорот за дејствувањето на црковните општини на ниво на Република Словенија и нивното растење и развивање со порастот на македонската емиграција во последните 10 години.
Отец Митко Газинковски истакна дека, покрај работната сила, во Р.Словенија доаѓаат и голем број на студенти кои студираат на словенечките универзитети и во услови на огромна емиграција црковните општини покрај што делуваат како верски објекти, нудат и културна, духовна и социјална поддршка на народот. Македонците во Р Словенија се високо интегрирани и почитувани како мирољубив, вреден и совесен народ од чии редови произлегуваат советници, министри, пратеници, лекари и бизнисмени и имаат еднакви права и можности да учествуваат во општествениот живот на Р Словенија.
Преку културните друштва, Македонците се организирани во Сојузот на македонските културни друштва, кои преку свои програми и активности ја чуват македонската култура, јазик и традиција.
Директорот Ангелов информира за активностите на Агенцијата за иселеништво и во знак на благодарност за срдечниот прием на Црквата „Св.Климент Охридски“ во Љубљана подари икона од Св. Наум Охридски

Дополнително прочитај и за:

Агенцијата за иселеништво ги врши работите што се однесуваат на положбата и правата на иселениците од Македонија

Последни вести

© 2025 – Сите права се задржани | Агенција за иселеништво
error: Content is protected !!

Почитувани, заради подобро корисничко искуство, Агенцијата за иселеништво користи „колачиња“ ("cookies"). Се согласувам Прочитај повеќе