Home » Одржан седмиот состанок на Меѓувладината мешовита комисија за заштита на македонското и хрватското национално малцинство

Одржан седмиот состанок на Меѓувладината мешовита комисија за заштита на македонското и хрватското национално малцинство

by Stanela S
9 views
Денес се одржа седмиот состанок на Меѓувладината мешовита комисија за заштита на Македонското и Хрватското национално малцинство на која детално беше разгледан напредокот на реализацијата на заклучоците од последниот состанок и утврдување на идните чекори по однос на напредокот на малцинските права на Хрватите во Македонија по реципроцитет на правата кои ги уживаат Македонците во Р. Хрватска.
Со состанокот ко-претседаваа заменик министерот за надворешни работи и надворешна трговија, г-дин Зоран Димитровски, и државниот секретар во Средишниот државен уред за Хрватите надвор од Република Хрватска, г-дин Звонко Милас, со учество на членови на двете делегации и претставници на националните малцинства.
Директорот на Агенцијата за иселеништво Горан Ангелов како член на Мешовитата комисија, упати благодарност до Хрватската влада за грижата и поддршката на Македонската заедница во Хрватска да го негува својот јазик, култура и идентитет, а особено се заблагодари на Католичката црква која дава силна поддршка на МПЦО Св. Злата Мегленска во Загреб како нов духовен и културен дом на православните верници.
За време на состанокот директорот Ангелов разговараше со државниот секретар на Средишниот државен уред за Хрватите надвор од Република Хрватска, г-дин Звонко Милас, со кого разменија искуства и информации околу работата, програмите и заложбите на двете институции.

Дополнително прочитај и за:

Агенцијата за иселеништво ги врши работите што се однесуваат на положбата и правата на иселениците од Македонија

Последни вести

© 2026 – Сите права се задржани | Агенција за иселеништво
error: Content is protected !!

Почитувани, заради подобро корисничко искуство, Агенцијата за иселеништво користи „колачиња“ ("cookies"). Се согласувам Прочитај повеќе