Home » Одбележување на денот на македонскиот јазик во Осло

Одбележување на денот на македонскиот јазик во Осло

by Rebeka Spasova
17 views
На 3.5.2025 г., во просториите на Брин училишетото, во Осло, каде се изучува македонскиот јазик, историја, култура и традиција, се одбележа 5 Мај, Ден на македонскиот јазик. За одбележувањето на 80-годишнината од кодификацијата на македонскиот стандарден јазик се одржа рецитал од песните на најпознатите македонски поети и писатели како Кочо Рацин, Константин Миладинов, Блаже Конески, Петре М. Андреевски, со двете групи на ученици. На настанот беа присутни родителите и секретарката на Македонската амбасада, г-ѓа Семра. Во иднина учениците кои ја следат наставата по македонски јазик во Осло ќе продолжат да ги одбележуват значајните празници на Република Македонија, со цел нејзина поголема афирмација, како во Кралството Норвешка и пошироко.
 

Дополнително прочитај и за:

Агенцијата за иселеништво ги врши работите што се однесуваат на положбата и правата на иселениците од Македонија

Последни вести

© 2025 – Сите права се задржани | Агенција за иселеништво
error: Content is protected !!

Почитувани, заради подобро корисничко искуство, Агенцијата за иселеништво користи „колачиња“ ("cookies"). Се согласувам Прочитај повеќе