Home » Одбележан поменот на македонските паднати борци во Нормандија за време на Првата светска војна

Одбележан поменот на македонските паднати борци во Нормандија за време на Првата светска војна

by trinitymedia
14 views

Прес соопштение.
Коломбел, 11 ноември 2025 – Во срцето на Нормандија, на денот на француското национално сеќавање од завршувањето на Првата светска војна, македонско-француските здруженија „Илинден 1903“ и „Заборавени Македонци“, заедно со претставници на македонската дијаспора, оддадоа почит на паднатите македонски борци кои го дадоа својот живот во Првата светска војна, рамо до рамо со француските и сојузничките сили во Македонија.
11 ноември во Франција е национален празник познат како „Ден на примирието“, со кој се одбележува крајот на Првата светска војна во 1918 година, кога во 11 часот беше потпишано примирието меѓу сојузничките сили и Германија. На овој ден, низ целата земја се одржуваат комеморативни церемонии во чест на сите паднати борци и жртви на војната, а сеќавањето претставува симбол на мирот и помирувањето меѓу народите.
Церемонијата се одржа во Коломбел, во присуство на градоначалникот Марк Потије, кој ја нагласи важноста на интернационалната меморија и пријателството меѓу народите.
„Овие херои, кои често остануваат во сенка на големите наративи, заслужуваат да бидат дел од нашата заедничка историја, “ изјави Иљо Бундевски во својот говор, проследен со македонската и француската химна.
Македонско-француското здружение „Илинден 1903“, е основано со цел да ги зближи Нормандија и Македонија преку културни и историски врски.
На спомен-плочата во Коломбел се врежани имињата на македонските борци, симбол на жртвата и достоинството.
Со оваа комеморација, Франција и Македонија повторно потврдија дека сеќавањето е мост меѓу генерациите и народите. „Нашата задача е да не дозволиме овие имиња да исчезнат од историјата,“ порача претседателот на македонско-француското здружение „Илинден 1903“, Смиле Петровски.

Дополнително прочитај и за:

Агенцијата за иселеништво ги врши работите што се однесуваат на положбата и правата на иселениците од Македонија

Последни вести

© 2025 – Сите права се задржани | Агенција за иселеништво
error: Content is protected !!

Почитувани, заради подобро корисничко искуство, Агенцијата за иселеништво користи „колачиња“ ("cookies"). Се согласувам Прочитај повеќе