Home » Нова претстава на Австралиско-македонскиот театар од Сиднеј

Нова претстава на Австралиско-македонскиот театар од Сиднеј

by Rebeka Spasova
8 views

Австралиско македонскиот театар од Сиднеј за македонската заедница ја подготви најновата драмска продукција „Преполнета чаша“ од Душан Ристевски, во режија на Лила Мицевска. Сценските изведби се најавени за 2 и 3 мај во Рогдаел, 4 мај во Бенкстаун и на 10-ти мај со две изведби во градот Волонгонг. Оваа продукција се реализира неколку години по радио драмата „Локдаун“ што се промовираше во почетокот на 2022 година.

За да дознаеме повеќе за оваа продукција поведов разговор со драматургот Душан Ристевски.

*На фотографијата драматургот Душан Ристевски.

Која е причината за големата пауза и темата на оваа драма?

Најголемата причина за нашата стагнација беше пандемијата и локдаунот што го имавме за подолг период. Во почетокот јавните изведби беа забранети, потоа настапија неподносливите рестрикции за јавни настапи. Бевме присилени да ги откажуваме пробите и настапите, а подоцна поради лични причини некои актери не беа достапни и продукцијата се одложуваше. Сето тоа го надминавме и еве нѐ со нова продукција тематски поврзана со пандемијата и локдаунот (карантинот). Тој невидлив затвор што ни беше пласиран од политичарите и медиумите беше „изграден“ врз основа на страв. Тој страв длабоко се врежа во луѓето кои како некои програмирани машини следеа сѐ што ќе им се сервираше од државните институции. А тој контролиран наратив подготвен во Америка на истиот начин беше пренесен во Европа, Австралија и другите западни земји. Сега, после неколку години, се дознава дека сето тоа беше засновано на лаги со цел да се влее страв и да се контролира населението, а од друга страна да се прави профит. Сега се знае дека тој вирус не беше дојден и пренесен од диво животно туку беше направен од луѓе кои го мразат човештвото.

Сега сите знаеме и веруваме дека животот после ковидот не може да ни се врати на истата нормала како порано

Точно. Ковидот е обвиснат над нашите глави како некоја сенка, како некоја наезда од која се плашиме повторно да не ни дојде и нѐ докрајчи како луѓе. Тематски тоа драмата и го обработува. Од една страна е лошото а од друга е доброто. Од една страна е вербата во ѓаволот, а од друга е вербата во нашиот Господ. Таа борба е во секој човек. Некои не се информирани и не се свесни и имаат тенденција да прифатат нешто што е спротивно од нивните верувања, иако е нелогично и имаат претчувства дека грешат но мислат дека не се одговорни бидејќи им е „наредено“ или се „присилени“ да земат некаков третман (лек). Ова му помага на политичкиот систем да создаде сегрегација на населението според возрасни групи на стари-млади, здрави и болни, послушни-непослушни, вакцинирани-невакцинирани. Со вакцината како уцена или како закон за контрола на популацијата се покажа успешна метода. Секако ова придонесе да се создаде внатрешен конфликт што кај некои луѓе создаде депресија и самоубиствени мисли, но и насилство и конфликт во семејството, со пријателите и роднините и конфликт во самото општество.

Исто така таа верба што ја имавме во здравствениот систем, во политичарите и институциите, ја изгубивме. Но вербата во себе, во семејството и во нашиот Бог од кој бараме сила и мудрост да го издржиме притисоците, се зголеми. Во овој сценски приказ на крајот се опишува дека после лошото и злото, после болеста и смртта – доаѓаат убави моменти, се раѓа надеж и иднина.

Нешто за театарскиот тим, гледаме има нови имиња, покрај наградуваните глумци како Васко Србиновски, Гордана Милошевска и Самоил Митревски

Другите од тимот, Рубин Нешкоски, Стефан Нешкоски како и јас лично, сме толкувале памали улоги во некои од драмите што овој Театар ги има ставено на сцена. За прв пат на сцена се јавува Марија Александрова која со голема љубов и енергија толкува една од главните улоги. Исто така пред македонската публика и во нашиот Театар за прв пат се јавува Лила Мицевска која не само што глуми, таа исто ја режира оваа драма. Лила има играно во повеќе драми и режирано кратки филмови и во нашиот Театар доаѓа со едно големо искуство. Не прави среќни што се јавуваат Македонци од помладата генерација, како Лила и Стефан, да ја продолжат театарската уметност и традиција што се пренесувала од античкиот период.

Честито Душан за новиот театарски проект и се надевам дека како и со претходните драми, ќе направите сензација во Австралија.

Дополнително прочитај и за:

Агенцијата за иселеништво ги врши работите што се однесуваат на положбата и правата на иселениците од Македонија

Последни вести

© 2025 – Сите права се задржани | Агенција за иселеништво
error: Content is protected !!

Почитувани, заради подобро корисничко искуство, Агенцијата за иселеништво користи „колачиња“ ("cookies"). Се согласувам Прочитај повеќе