Home » Најава за голем јубилеј – 30 години од основањето на Македонското здружение во Германија и 50 години од Округот УНА

Најава за голем јубилеј – 30 години од основањето на Македонското здружение во Германија и 50 години од Округот УНА

by Rebeka Spasova
10 views

Значаен јубилеј одбележува Македонското културно здружение во Германија. Оваа есен изминуваат 30 години од нивното постоење, исполнети со континуирана работа, љубов и посветеност кон зачувување на македонскиот идентитет, традиција и култура во дијаспората.

Свечената прослава е закажана за 25 октомври 2025 година (сабота), во Stadthalle Unna, во соработка со Округот „Уна“ (Kreis Unna), кој оваа година слави 50 години од своето постоење. Настанот е замислен како симбол на заедништво, културна размена и меѓуетничко разбирање.

Предвидена е богата културно-уметничка програма со учество на шест фолклорни ансамбли, кои ќе го претстават македонскиот фолклор преку македонски песни и традиционални ора. Специјална музичка гостинка е пејачката Елена Андоновска, која ќе ја заокружи вечерта со настап во живо.

Овој јубилеј, важен за целата македонска заедница во Германија, е потсетник за значењето на вредностите, културната поврзаност и напорната работа за зачувување на корените.

Повеќе информации за програмата и учесниците ќе бидат објавени на официјалните канали на Здружението, како и на Агенцијата за иселеништво.

Дополнително прочитај и за:

Агенцијата за иселеништво ги врши работите што се однесуваат на положбата и правата на иселениците од Македонија

Последни вести

© 2025 – Сите права се задржани | Агенција за иселеништво
error: Content is protected !!

Почитувани, заради подобро корисничко искуство, Агенцијата за иселеништво користи „колачиња“ ("cookies"). Се согласувам Прочитај повеќе