11
Наставничката по македонски јазик Ирена Годева која предава македонски јазик во неколку градови од францускиот регион во Швајцарија ја посети Агенцијата за иселеништво и информира дека држи настава во 7 училишта секој работен ден, после редовната настава. Настава посетуваат 84 ученици и бројот постојано расте поради интересот на децата и родителите за посета на часовите. Освен од сопствената држава наставничката Годева информира дека добива голема подршка од заедницата, иселеничките организации во тој дел од Швајцарија, како и од страна на Швајцарските власти кои ги отвориле вратите на училиштата за непречено следење на наставата, со сите нагледни и дидактички помагала, потребни за современо и квалитетно одвивање на наставниот процес.
За потребите на наставата од страна на Агенцијата за иселеништво и беа дадени учебници, буквари, лектири, како и комплет на стручна литература која беше донирана на Агенцијата за иселеништво од профсорката Ленка Гоговска.