8
Сите родители што имате дечиња во Германија на возраст од 6 до 16 години, и сакате да ги пријавите за официјална настава по македонски, имате рок до 21 март да ги пополните и предадете пријавите во училиштето каде учат дечињата. Доколку во вашиот (или во најблискиот) град има најмалку 10 заинтересирани дечиња, ќе се отвори официјална паралелка по македонски јазик за учебната 2025/26 година.
Во продолжение уводниот говор на луѓето кои започнаа иницијатива за македонски јазик во Koblenz и повеќе информации: Video | Facebook