На состанокот во салата Феви во Локарно, пред присутните верници од Кантон Тичино свое обраќање имаше претседателот на МПЦО ,,Пресвета Богородица” од Локарно – Трајко Ковачев, претседателот на МПЦ ,,Свети Наум Охридски” од Тринген – Марјан Цветковиќ, отец Драги Гоцевски, отец Михајло Матевски, Митрополитот Европски г. Пимен, Александар Михајлов и Стојанчо Илиев. Записничар на состанокот, наставничката по дополнителна настава на македонски јазик, Ана Митрева.
Митрополитот Европски г.Пимен на Света Литургија во Локарно, Швајцарија
8
Недела, 14.12.2025 година
Во 27 – та недела по Педесетница на Светата Литургија во Македонската Православна Црковна Општина ,,Пресвета Богородица” во Локарно чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Европски г. Пимен, во сослужување на парохискиот свештеник отец Драги Гоцевски и отец Михајло Матевски од Неиве, Италија.
По завршување на Светата Литургија нашите почитувани гости од Италија и Тринген, заедно со владиката Пимен, отец Михајло, отец Драги и дел од членовите на Црковниот одбор ја посетија новата црква Локарно Монти и потоа се упатија на заеднички ручек во ресторанот Панорама.
Одржаниот состанок е од особено значење за македонската православна заедница во Кантон Тичино, на кој беше истакната важноста од заедништво, повик за единство и сплотеност на сите верници со цел остварување на нашиот долгогодишен сон, потреба и желба – купување на нова црква.
Веруваме дека заедно ќе успееме да го осигуриме нашиот заеднички дом, да овозможиме МПЦО ,,Пресвета Богородица” од Локарно да продолжи да свети како светилник на верата, надежта и љубовта за идните поколенија.
По состанокот имаше подготвено коктел за сите присутни.
Благодарност до сите наши членови на Црковниот одбор кои помогнаа со свој придонес и учество во текот на целиот ден.








