Home » Македонскиот јазик е најсилната врска со корените во дијаспората

Македонскиот јазик е најсилната врска со корените во дијаспората

by Stanela S
17 views

Далеку од татковината, во училници распослани низ неколку градови во францускиот дел од Швајцарија, македонскиот јазик продолжува да живее преку детските гласови што ја учат кирилицата, преку песните, приказните и спомените што ги носат од своите семејства. Таму, меѓу различни јазици и култури, се гради тивка, но значајна врска со корените.

Ирена Годева од Струмица, наставничка по македонски јазик со 15-годишно искуство, ја продолжува токму таа мисија. Таа предава на деца од македонската дијаспора во повеќе градови во францускиот регион на Швајцарија ‒ Женева, Белфо до Фрибург, Ешалан, Екублан, Ибердон, Шебра, Веве и Орбе ‒ во настава што ја организира Министерството за образование и наука на Република Северна Македонија.

Во разговор за порталот Пари, Годева зборува за предизвиците да се зачува мајчиниот јазик во мултикултурна средина, за љубопитноста на децата од втора и трета генерација Македонци коишто го откриваат својот идентитет преку јазикот, но и за тоа зошто токму мајчиниот јазик останува најсилната врска со корените и културното наследство.

По повод 8 Март – Меѓународниот ден на жената, порталот Пари низ серија интервјуа ги претставува успешните и професионално реализирани жени, нивните кариерни патишта, предизвици и достигнувања со кои оставаат препознатлив, траен белег.

Повеќе информации: https://pari.com.mk/intervju-irena-godeva-makedonskiot-jazik-vo-svajcarija-e/

Дополнително прочитај и за:

Агенцијата за иселеништво ги врши работите што се однесуваат на положбата и правата на иселениците од Македонија

Последни вести

© 2026 – Сите права се задржани | Агенција за иселеништво
error: Content is protected !!

Почитувани, заради подобро корисничко искуство, Агенцијата за иселеништво користи „колачиња“ ("cookies"). Се согласувам Прочитај повеќе