3
Денес и утре, во Луксембург се одржува познатиот Festival des Migrations, des Cultures et de la Citoyenneté — еден од најголемите мултикултурни настани во Европа, кој веќе повеќе од 40 години ги обединува луѓето, традициите и приказните од целиот свет.
Со стотици штандови, богата културна програма, музика, уметност и дебати, фестивалот претставува вистинско огледало на разновидноста што ја прави оваа земја толку посебна.
Особено радува фактот што меѓу многуте култури, свое место имаше и македонскиот штанд што е уште еден мал, но значаен доказ дека македонската традиција, вкус и култура се присутни и препознаени и надвор од границите на татковината.
Македонскиот штанд е во организацијја на ,,Македонското друштво Илинден” од Луксембург, на чие барање Агенцијата за иселеништво го опреми штандот со промотивен материјал: знамиња, постери од убавините на Македонија, народна носија, брошури и сувенири.
Директорот на Агенцијата за иселеништво Горан Ангелов во придружба на заменикот директор, Фатљум Јусуфи и раководителот Билјана Костова беа присутни на саемот, остварија контакти со македонски иселеници, со претставници на властите од Луксембург и посетија штандови на други држави.
Штандот беше посетен и од страна на министерот за надворешни работи на Луксембург, како и вршителот на должност во Македонската амбасада во Брисел, Сузана Мемеди, која има голема заслуга во поддршката на клубот ,,Илинден” и претседателот Сафет Алили, при подготовката за учество на саемот.




