Home » Литературното друштво “Браќа Миладиновци”, секција при црквата Св.Климент Охридски од Торонто, одржа поетско читање во црквата Св.Недела во Аџакс.

Литературното друштво “Браќа Миладиновци”, секција при црквата Св.Климент Охридски од Торонто, одржа поетско читање во црквата Св.Недела во Аџакс.

by Stanela S
75 views
Литературното друштво “Браќа Миладиновци”, секција при црквата Св.Климент Охридски од Торонто, одржа поетско читање во црквата Св.Недела во Аџакс.
Настапите на поетските читања за друштвото имаат голема вредност бидејќи преку нив македонското поетско креативно слово го доближува македонски јазик на жив и непосреден начин до публиката создавајќи чуство на заедништво преку збогатување на културниот живот на македонската заедницата. Ваквата жива традиција на усно пренесување на македонската литература, која ова литературно друштво ја негува скоро четири децении, ја нагласува моќта на зборот да поврзува и инспирира, потврдувајќи ја самобитноста на македонската националност и истовремено поттикнувајќи ги младите генерации во оваа прекуокенска земја да го учат македонскиот јазик.
Настапот на друштвото беше поздравен од претседателот на црквата господин Ристо Трифуновски и од свештеникот отец Александар Зашов.
Од име на Литературното друштво посетителите ги поздрави претседателот на друштвото Зоран Карапанчев. Свои авторски дека читаа членовите Вера Петреска, Каролина Ристеска, Алексо Лозановски, Димитар Цонев, Маријан Главинчевски, Зоран Ивановски, Магдалена Ивановска, Др.Ристо Маџунков, Драгица Димовска и Зоран Карапанчев.
На крајот госпоѓа Вера Самарјанин ги информира присутните дека по овој последен настап за 2025 година внимането се посветува на издавање на Монографијата која треба да ја круниса досегашната четири децениска активност на друштвото.

Дополнително прочитај и за:

Агенцијата за иселеништво ги врши работите што се однесуваат на положбата и правата на иселениците од Македонија

Последни вести

© 2026 – Сите права се задржани | Агенција за иселеништво
error: Content is protected !!

Почитувани, заради подобро корисничко искуство, Агенцијата за иселеништво користи „колачиња“ ("cookies"). Се согласувам Прочитај повеќе