Home » Културно-дипломатски мост на уметноста: Вевчани – Белград по повод 23 Октомври

Културно-дипломатски мост на уметноста: Вевчани – Белград по повод 23 Октомври

by Rebeka Spasova
21 views

По повод одбележувањето на празникот 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба, Македонскиот национален совет заедно со Македонската амбасада во Белград и Министерството за култура и туризам на Република Македонија, организираа ликовна изложба ,,Мостови на уметноста: Вевчани – Белград“ на Меѓународната ликовна колонија ,,Вевчански видувања”.

На изложбата се претставени уметнички дела од над 25 македонски и српски уметници, кои преку својот творечки израз го доловуваат духот на заедништвото, дијалогот и креативната енергија што ја поврзува уметноста во овие две држави.

Изложбата свечено ја отвори министерот за култура и туризам на Република Македонија, Зоран Љутков , во присуство на многубројни гости, меѓу кои и српскиот министер за култура, Никола Селаковиќ, претставници на дипломатскиот кор во Србија, и претставници на македонската заедница во Србија, во галеријата ,,Озон” во Белград.

Дополнително прочитај и за:

Агенцијата за иселеништво ги врши работите што се однесуваат на положбата и правата на иселениците од Македонија

Последни вести

© 2024 – Сите права се задржани | Агенција за иселеништво

Почитувани, заради подобро корисничко искуство, Агенцијата за иселеништво користи „колачиња“ ("cookies"). Се согласувам Прочитај повеќе

error: Content is protected !!