Под величествената сенка на планината Јура, се отвора волшебен простор со пространа сала, опкружена со бујно зеленило што плени со својата природна убавина. Без разлика дали времето е сончево или облачно, ова место нуди совршени услови за незаборавни доживувања – токму она што ви треба за вистински празник на традицијата!
Ве покануваме да поминете ден исполнет со свеж планински воздух, спокојство и магијата на македонскиот фолклор. Звукот на тапани, разиграните чекори на македонските ора. Целата Јура ќе одекнува со енергијата на нашето културно наследство!
Дојдете и бидете дел од „Иселенички фолклор – Пролет 2025“, каде традицијата оживува, а спомените се создаваат за цел живот.
• К У Д : 1, 2, 3, 4, 5
• Кате Ристова
• Група „Меракли“
• Цел автобус со гости од Македонија – подгответе се за вистинска празнична атмосфера, исполнета со песни, ора, дружење и во духот на традицијата!
• Четврток, 29 мај 2025 година.
• Од 11.00 ч до 20.00 ч
• Aдреса:Rte de Montcherend 1 Valeyres sous Rances 1358
„Иселенички фолклорен фестивал – Пролет 2025” во организација на “МДД Македонија” од Ешалан
10