4
Информација за одржување на Иселенички литературни средби!
Почитувани писатели од иселеништвото, творци на поезија и проза!
Агенцијата за иселеништво од 26 -28 мај 2026 година, ќе организира „Литературни средби“ на кои ќе се одржат промоции на делата и писателите кои творат и живеат во странство. За таа цел ги покануваме заинтересираните писатели да го пријават своето учество на електронската адреса на Агенцијата за иселеништво info@minisel.gov.mk.
Сместувањето ќе биде со две ноќевања целосно покриени од страна на Агенцијата за иселеништво.
За програмата и местото на одржување на настанот заинтересираните учесници ќе добијат информации дополнително.
Директор,
Горан Ангелов