Home » Изборно годишно собрание 2026 на МПЦО Св. Наум Охридски – Виена

Изборно годишно собрание 2026 на МПЦО Св. Наум Охридски – Виена

by Stanela S
11 views
ИЗБОРНО ГОДИШНО СОБРАНИЕ 2026
МПЦО „Св. Наум Охридски“ – Виена
Недела, 15 февруари 2026 година
Света Божествена Литургија
со почеток во 09:30 часот
Редовно изборно годишно собрание
Почеток: 12:00 часот
Возљубени во Господа,
драги браќа и сестри,
Со братска љубов и духовна радост, МПЦО „Св. Наум Охридски“ од Виена Ве известува дека во недела, 15 февруари 2026 година, ќе се одржи редовното изборно годишно собрание на нашата црковна општина.
На собранието ќе се избираат нови членови на: Управниот одбор, Контролниот одбор и Советодавниот одбор
БРАТСКИ АПЕЛ
Со искрена надеж и одговорност, ги повикуваме сите македонски фамилии, сите членови и симпатизери на Македонската Православна Црква, да присуствуваат и активно да земат учество во животот и делувањето на нашата црковна општина во Виена.
Како Македонци во дијаспората, сите ние ја носиме светата должност достоинствено да го чуваме и претставуваме нашето духовно, културно и општествено-историско наследство од нашата татковина, Република Македонија
Секој од нас ја има таа одговорност: пред сопствената совест, пред родната земја, и пред општеството во кое живееме Република Австрија. Секој може да придонесе, на било каков начин. Зашто најголемата помош не е само во материјалното,
туку во освестувањето, духовното будење, љубовта кон своето и во прифаќањето на нашето како нешто свето, драго и скапоцено.
Со заедништво и слога, со Божја помош, можеме да направиме многу повеќе.
И кога ќе дојде времето, ќе никне и нов Македонски Православен Храм  храм кој ќе биде сведоштво за нашата вера, гордост за сите Вас и Вашите поколенија и место каде со крената глава и чисто срце ќе Му пристапуваме на Бога.
Сето ова не зависи од никој друг – туку од нас, Македонците
„Ако градиме – ќе имаме.
Ако инвестираме – ќе поседуваме.
Ако секој Македонец што живее и работи во Виена донесе барем една цигла, ќе имаме со што да започнеме. А уверени сме дека секој барем тоа може да го подари од срце.“
Ве молиме со љубов да ја споделите оваа информација, за да допре до што поголем број наши браќа и сестри.
Со почит,
Отец Јован и ЦУО при МПЦО „Св. Наум Охридски“ – Виена

Дополнително прочитај и за:

Агенцијата за иселеништво ги врши работите што се однесуваат на положбата и правата на иселениците од Македонија

Последни вести

© 2026 – Сите права се задржани | Агенција за иселеништво
error: Content is protected !!

Почитувани, заради подобро корисничко искуство, Агенцијата за иселеништво користи „колачиња“ ("cookies"). Се согласувам Прочитај повеќе