Home » Започна играорната група „Македонски корени“ во Улм

Започна играорната група „Македонски корени“ во Улм

by Stanela S
12 views
Почитувани Македонци во Улм и неговата околина, со радост ве информираме и ви пренесуваме дел од убавите моменти од играорната група „МАКЕДОНСКИ КОРЕНИ“ која со првите чекори почна на 01.02.2026 во просториите на Македонскиот клуб „Кирил и Методиј“.
Jugendhaus
Platz Gasse 18
89073 Улм
Дојдете со вашите дечиња и секако вие повозрасните. Ќе се вежба секоја недела од 16:00 часот. Се планира да се оформат две групи за помалите деца и една за повозрасните.
За подетални информации јавете се кај претседателот на клубот, Ангел Петровски.
0173 3442352
Ве очекуваме, бидете дел од овој убав проект и, иако сме во туѓина, да ја продолжиме нашата традиција и култура.

Дополнително прочитај и за:

Агенцијата за иселеништво ги врши работите што се однесуваат на положбата и правата на иселениците од Македонија

Последни вести

© 2026 – Сите права се задржани | Агенција за иселеништво
error: Content is protected !!

Почитувани, заради подобро корисничко искуство, Агенцијата за иселеништво користи „колачиња“ ("cookies"). Се согласувам Прочитај повеќе