11
Вчера се одржа празничн прием по повод именденот на Поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија г.г. Стефан, на кој на покана од страна на Архиепископот присуствуваше и директорот на Агенцијата за иселеништво Горан Ангелов.
На настанот присуствуваа бројни претставници на државниот и општествениот живот: градоначалници и претставници на локалната самоуправа, министри, поранешни претседатели, академици, професори, претставници на МПЦ-ОА, и високи претставници од државниот врв.
Свечената вечер беше отворена со Молебен канон во чест на светиот архиѓакон и првомаченик Стефан, по што следеше обраќање на архиепископот г.г. Стефан. Во своето слово, поглаварот ја истакна длабоката духовна и општествена важност на Христовото раѓање- Божиќ, како и темелните вредности што ја зацврстуваат верата, заедништвото и идентитетот на македонскиот народ.
Традиционалниот прием уште еднаш ја потврди улогата на Македонската православна црква – Охридска архиепископија како значаен духовен столб за дијалог и единство меѓу Црквата, државните институции и општеството во целина.





