Home » Директорот Горан Ангелов се обрати на Концертот на македонска традиционална музика од Меглен и Воденско, во рамки на Штипско културно лето

Директорот Горан Ангелов се обрати на Концертот на македонска традиционална музика од Меглен и Воденско, во рамки на Штипско културно лето

by Rebeka Spasova
13 views
На поканана Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија „Мирка Гинова“ од Штип, директорот на Агенцијата за иселеништво, Горан Ангелов, присуствуваше на Концертот на традиционална македонска музика од Меглен и Воденско, кој се одржа во кругот на Црквата „Св. Цар Константин и Царица Елена“, во рамки на Штипското културно лето.
 
Преку своето обраќање, директорот Ангелов потсети дека за време на прогонот на Македонците од Егејскиот дел на Македонија голем број се населиле насекаде по светот, каде и денес живеат, особено во прекуокеанските земји. Голготата што ја доживеале децата бегалци да не се повтори и да не се заборави, порача тој.
 
Со фолклорни изведби се претставија КУД „Св. Марина“ од Воден а изворни песни од Егејска Македонија пееја Марија Димкова и Моника Стојчева.

Дополнително прочитај и за:

Агенцијата за иселеништво ги врши работите што се однесуваат на положбата и правата на иселениците од Македонија

Последни вести

© 2025 – Сите права се задржани | Агенција за иселеништво
error: Content is protected !!

Почитувани, заради подобро корисничко искуство, Агенцијата за иселеништво користи „колачиња“ ("cookies"). Се согласувам Прочитај повеќе