25
Директорот на Агенцијата за иселеништво, Горан Ангелов вечерва присуствуваше на Свечена Академија по повод 75 години од постоење на Државен Архив на Македонија, под слоганот: Државен Архив- столбот на македонското битие.
Покрај богатата културно-уметничка програма свеченоста беше збогатена со изложба од ризницата на документи од Државниот Архив, со посебен дел посветен на македонското иселеништво.
Државниот Архив не е само верен чувар на културата и македонштината туку и мост помеѓу времињата и народите.
Покривител на годишнината беше Претседателот на Владата Проф.д-р Христијан Мицкоски!




