17
Викендов во Осиек, Р. Хрватска, се одбележа “Денот на Заедницата на Македонците во Република Хрватска” со културна програма подготвена од сите македонски културни друштва и тоа: МКД “Охридски бисери” од Загреб, МКД “Браќа Миладиновци” од Осиек, МКД “Илинден” од Пула, МКД “Билјана” од Задар, МКД ” Кирил и Методиј” од Пула и МКД “Македонија” од Сплит.
Директорот Горан Ангелов во своето обраќање упати честитки за настанот и благодарност до домаќините за срдечниот пречек. Воедно оствари кратки средби со претставниците на сите друштва и им подари промотивен материјал од Македонија











