Големата изложба „Ткаење светови: Колекции во разговор“ со уметнички дела од 87 автори од колекцијата на Музејот на современата уметност во Скопје (МСУ-Скопје) ќе биде отворена утревечер (24 април) во 20 часот, во Модерна галерија + Музеј на современа уметност Метелкова во Љубљана, Словенија. Изложбата ќе ја отворат директорите на двете институции, д-р Тихомир Топузовски и д-р Мартина Вовк. Куратори на изложбата се Ивана Васева, Благоја Варошанец, Ива Димовски и Владимир Јанчевски од МСУ и Бојана Пишкур од Модерна галерија.
Делата во Љубљана ќе бидат изложени десет месеци, до 8 февруари 2026 година. Изложбата е дел од програмата од национален интерес на Министерството за култура и туризам на РС Македонија и конципирана е како реципроцитетна. Дела од колекцијата на словенечкиот музеј наесен ќе бидат изложени во МСУ-Скопје.
Повеќе за настанот прочитајте на линкот: Големата изложба на МСУ „Ткаење светови: Колекции во разговор“ вечерва во Љубљана – Република